Ракометарките на Куманово прославија убедлива победа на гостувањето кај Стружанка со 29-16 во натпревар од 4 коло во плеј-офот во Женската лига.
Во првото полувреме избраничките на Владимир Паноски пружија силен отпор и водеа во повеќе наврати, но како одминуваше времето така гостинките ја преземаа контролата.
Беше 10-7 за Куманово, но стружанки преку Ивана Затуроска намалија на 10-9. Сепак на пауза поранешниот шампион замина со водство од 12-11.
Стартот на вториот дел беше клучен околу победникот. Се одлепија гостинките на плус шест, 17-11 и до крајот не дозволија Стружанка да доближи резултатски и да размислува за камбек во мечот.
Најдобри стрелци кај Куманово беа Алмеида со осум и Граматова со шест погодоци, додека кај Стружанка, Ивана Затуроска даде шест гола.
Kуманово сега има 19 бодови на третото место на табелата, зад Чаир кој има 21 бод, следниот натпревар го игра на гости кај Овче Поле СУ. Стружанка остана на четири бода на седмото место, а во следното коло игра дома со Чаир.