Македонскиот вицепрвак Куманово претстојниот викенд ќе биде домаќин на вториот турнир од втората група на регионална ВХРЛ лига.
На овој турнир, покрај домаќинот, ќе настапат српскиот Зајечер и црногорскиот тим Рудар, додека босанскиот Груде е слободен.
Натпреварот меѓу Куманово и Рудар ќе се игра в петок од 20:00 часот, гостинките ќе играат меѓусебе в сабота, додека во недела, нашиот тим ќе игра против Зајечар од 17:30 часот.
Сите натпревари се играат во салата на СОУ „Перо Наков“.
Покрај овој турнир, Куманово ќе го чекаат настапите уште два турнири, во јануари и февруари, кога ќе гостува во Србија и Црна Гора.