Во рамки од Плеј-офот во машката Лига Куманово денес запиша гостинска победа против Драчево од 30:35.
Натпреварот беше отворен со гол за Драчево, а погоди Андоновски Бобан, на спротивната страна возврати Влатко Тасевски. Тие 1:1 на самиот старт беа и најава за она што следуваше во првиот дел. Првите 30 минути ни донесоа целосно изедначена игра, само Куманово во еден момент поведе со 2:5, но Драчево брзо се врати и не дозволи да се направи посериозна разлика. На полувреме се замина со изедначен резултат (12:12).
Победникот во овој дуел започна да се решава некаде на средината од второто полувреме кога домаќините почнаа да попуштаат и не можеа да го следат темпото кое го наметнуваат гостите од Куманово.
Најголемата предност Куманово ја достигна кога поведе со 17:23, од тој момент Драчево не успеа да се врати во натпреварот, гостите ја одржуваа предноста до крајот и запишаа триумф. Со пет гола разлика.
Најефикасен на натпреварот беше Тасевски Влатко од Куманово со 11 постигнати гола, додека во редовите на Драчево Димитар Петковски беше стрелец на седум погодоци.