Куманово во атак по првиот пехар, останува фаворит за Куп трофејот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Куманово – Металург (Куп на Македонија, жени)

Со победата од 27:23 против Металург, ракометарките на Куманово дојдоа до пласман во финалето од Купот на Македонија каде утре ќе ја бранат титулата освоена во 2019 година.

Ракометарките на Куманово успешно го одработија својот дуел од полуфиналето во Купот на Македонија откако го совладаа тимот на Металург со 27:23. Оваа победа беше сосема доволна за да може да се обезбеди место во финалето, а сега ќе може мирно да се почека ривалот бидејќи од 18 часот играат Вардар и Чаир во второто полуфинале. Кумановки имаа добар ривал во Металург, но успеаја да имаат целосна контрола на играта и да дојдат до триумф така што сега имаат шанса да го одбранат трофејот освоен пред две години со оглед на тоа што минатата година не беше одиграна завршницта од Купот на Македонија.