Куманово, Вардар, Чаир и Металург во борба за титулата на женскиот младински Ф4

Во недела на 10 април, во Куманово во салата „Перо Наков“ ќе се одигра фајнл-фор турнирот во женската младинска лига.

Полуфиналињата и финалињата ќе бидат одиграни во ист ден, а веќе се познати паровите.

Ракометарките на Вардар ќе играат против домаќинот на овој турнир Куманово, а во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Чаир и Металург.

Првото полуфинале помеѓу Куманово и Вардар се игра во 10:30 часот, потоа во 12:30 ќе истрчаат ракометарките на Чаир и Металург.

Финалето е планирано да се одигра во терминот од 20:00 часот, а претходно од 17:30 ќе се сретнат поразените во борбата за третото место.