Ракометарките на Куманово дојдоа до тешка победа на дуелот против Чаир откако денеска успеаја да остварат триумф од 28:24.
Имаа натпревар во кој од почетокот на средбата водеа, но во финишот мораа добро да одработат за да дојдат до трите бода. Практично решаваше секој напад и една грешка можеше да значи многу.
Чаир ги доби првите неколку минути. Водеше со 4:1 и имаше плус три до 6:3 кога гостинките со серија од три гола стигнаа до 6:6. При 7:7 гостинките имаа нова серија од три гола и веќе ја имаа контролата на играта и на резултатот во првото полувреме.
До крајот на првото полувреме тимот на Куманово успеа да стигне до плус пет и имаше 16:11 и практино тука се чинеше дека натпреварот е одлучен.
Сепак, како одминуваше времето во второто полувреме работите почнаа да стануваат поинтересно. При 17:21 домашните имаа 3:0 и намалија на еден гол, а потоа при 20:22 со два гола стигнаа до израмнување. Тука почна притисокот, но ракометарките на Чаир не успеаја да издржат и да стигнат до подобар резултат, па на крајот гостинките си заминаа со победа од 28:24 и дојдоа до првиот триумф во плеј-офот.
ЧАИР – КУМАНОВО 24:28 (11:16)
Сала: 7 Март во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.
ЧАИР: Којовиќ, Сали, Рамадани, Бакиќ, Рамуко, Божиновска 6, Рахмани 3, Рамуко, Гулицоска 7, Реџеп 1, Ѓеоргиевска 2, Алексоска, Мифтари, Дамчевска 1, Дукоска 3, Филипоска 1
Седмерци: 2/6, Исклучувања: 6 мин.
КУМАНОВО: Митровиќ, Мар. Јовановска, Живковска, Димитриевска, Ивановска 1, Мат. Јовановска, Алмеида 8, Боризоска, Цветановска, Нолевска 4, Димитровска, Зечевиќ 1, Кипријановска 4, Граматова 2, Џамкиќ 4, Богојеска 4
Седмерци: 6/7, Исклучувања: 10 мин.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА