Ракометарките на Куманово откако претрпеа пораз во првиот меч од Регионалната лига против тимот на Груде од БиХ, на вториот дуел на гостувањето во Србија дојде до поправање на работите, па Куманово стигна до победа над Зајечар од убедливи 49:20.
Кумановки доминираа така што не дозволија во ниту еден момент да имаат проблеми. Овој пат не ги повторија грешките од вчера и не дозволија да им се случи пресврт.
И самиот резултат доволно говори, а во една таква игра Трајковиќ, Гичевска и Пецанова имаа шанса да се истакнат на теренот во однос на ефикасноста и беа далеку пред колешките, а инаку сите се запишаа меѓу стрелците.
ЗАЈЕЧАР – КУМАНОВО 20:49
Косановиќ, Јовановска, Наумоска, Марковиќ 2, Пецанова 6, Трајковиќ 13, Ивановска 3, Боризовска 2, Шарановиќ 1, Чокели 1, Јанкуловска 4, Кипријановска 3, Радевска 2, Цветановска 1, Гичевска 8, Глигоријадис 3