Кумановки освоија бодови во Струга, го заверија првото место на полусезона

Лидерот на табелата во Супер женската лига, Куманово дојде до нова победа со што го завери првото место за време на паузата. Кумановки го совладаа составот на Стружанка на гостински терен со 34:25 и на тој начин се изборија за бодови кои беа очекувани.

Стружанка го отвори натпреварот со голот на Дукоска, а потоа следуваа три гола од гостинките. Од овој момент кумановки постојано беа во предност и во ниту еден момент не дозволија да им биде загрозена победата.

Најголемата предност во текот на првите 30 минути беше седум гола при 9:2, а потоа беше дозволено домашните да се вратат и да дојде до три гола негатива на одмор, 12:15.

Продолжението мина во знакот на тимот на Куманово, кој успеа да стигне до плус 11 гола при 31:20, но на крајот победата беше изразена со девет погодоци.

Со ова Куманово само го потврди првото место и сигурно останува таму до пролетниот дел, а практично останува и главен кандидат за освојување на титулата во Супер женската лига.

СТРУЖАНКА – КУМАНОВО       25:34 (12:15)

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Васил Зипевски од Гостивар.

СТРУЖАНКА: Дишлиоска, Митоска, Ѓокеска, Ѓерѓеска, Кузманоска, Голабоска 1, Маркоска 4, Дукоска 4, Переска, Б. Затуроска, Јоноска 1, И. Затуроска 5, Ѓоршулеска, Јусуфи, Петреска 1, Делиоска 9.

Седмерци: 4/7, Исклучувања: 4 мин.

КУМАНОВО: Митровиќ, Јовановска, Марковиќ 1, Пецанова 1, Трајковиќ 7, Ивановска 4, Боризовска 4, Шарановиќ 5, Јанкуловска 2, Кипријановска 3, Џамкиќ, Краљевска, Краљевски 1, Бечирхоџиќ, Димитриевска.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 12 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080