Белорускиот репрезентативец Владислав Кулеш во следната сезона ќе ги брани боите на Хановер, објави германскиот клуб.
Кулеш се раздели со полскиот првак Келце, иако имаше да одработи уште една сезона од договорот.
Во бундеслигашот Хановер му стана соиграч на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, но и конкурент за минутажа на левата бековска позиција.
Покрај Кулеш, во Хановер од Келце дојде и десниот бек на Келце, Бранко Вујовиќ на позајмица од три сезони.