Тимот на Брно, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, разигрува за пласман од петтото до осмото место во чешкиот шампионат.
Во серијата до две победи, Брно на првиот меч загуби на домашен терен од Дукла Прага со 29-26, но Кукуловски беше најдобар стрелец.
Македонскиот лев бек постигна пет погодоци на оваа средба, а заработи и едно искклучување од две минути.
Следниот натпревар меѓу Брно и Дукла Прага се игра на 21 април, па тимот на Кукуловски ќе мора да слави за мајсторка.