Тимот на Брно, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, имаше победнички старт во чешкиот шампионат.
Брно на домашен терен славеше убедливо против составот на Цемент Хранице со 36-25, а на полувреме водеше со 13-10.
Левиот бек од Ресен, беше меѓу најдобрите поединци во победничкиот тим и успеа да постигне четири погодоци.
Брно сега го очекува натпреварот од првото коло од Европскиот Куп на домашен терен против ривалот од Чешка, Робе Жубри.