Еден од помладите ракометари во Вардар кои денеска добија шанса за да играат против Мотор Запорожје, Дејан Кукуловски успеа да се покаже во добро светло и во завршницата од средбата имаше добра партија.
Влезе како замена за Горбок, а успеа да се снајде одлично така што покажа дека заслужува и поголема минутажа.
„Добро работевме на тренинзите пред овој натпревар. Одлично бевме подготвени за Мотор. Дадовме сè од себе на теренот. Успеавме да дојдеме до посакуваните бодови и тоа е најважното денеска. Го осигуравме нашето место во осминафиналето, а сега во фокусот ни е Порто. Сакаме добар резултат и таму“, изјави Кукуловски.
Тој доби шанса во последните 15-20 минути и успеа двапати да ја затресе мрежата на противникот. Доби пофалби и од тренерот Алушовски, кој смета дека ќе му биде потребно време за да го стекне потребното искуство.