Кукуловски дебитираше за Брно со гол од 10 метри и црвен картон (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски го имаше своето деби во чешкиот шампионат во дресот на Брно. На мечот кој неговиот тим го доби со Жубри со 32-29, левиот бек постигна два гола од кои едниот беше прекрасен од десетина метри, но и доби црвен картон по еден остар старт на противнички ракометар во првиот дел. Погледнете го проектилот на Кукуловски....