Кузман Вардар и ПАОК се договорија за клупска соработка

Кадетите на Кузман Вардар изминатиот викенд беа гости во Солун каде што играа пријателски дуел со нивните врсници од ПАОК.

За младите ракометари на Александра Кузмановска играњето пријателски дуели со екипи од странство е многу важно, бидејќи добиваат поголемо искуство и самодоверба.

Меѓу клубовите веќе започна регионалната соработка, така што во иднина се очекува кадетите на ПАОК да им бидат гости на Кузман Вардар.

,,Одличен крај на една напорна сезона. Од ПАОК имавме одамна покана, но не успеавме порано да ја реализираме посетата. Момците одиграа фер и коректен натпревар и со оваа посета отпочнавме соработка меѓу двата клуба. Веќе се договоривме ПАОК да дојдат кај нас на гости”, изјави Кузмановска.

Кадетскиот тим на Кузман Вардар во изминатата сезона го имаше дебитанскиот настап во својата конкуренција.