Новата сезона од Супер машката лига стартува в петок со натпреварите од 1. коло во двете групи во кои ќе играат 14 екипи.
Меѓу составите кои се најдоа во лигата после проширувањето на истата место имаше и за Прилеп, тим кој се враќа меѓу суперлигашите.
„Ние сме екипа што нема голем ростер на ракометари. Имаме млад состав. Повеќето играчи кои се во тимот првпат ќе играат во Супер лигата. Ова ќе биде интересно првенство и мислам дека секој натпревар ќе би максимално интересен и во едната и во другата група“, вели тренерот на Прилеп, Горан Кузманоски.
И тој како и неговите колеги ќе се соочи со мали проблеми во однос на тоа што ќе мора да бидат одиграни голем број на натпревари во краток период. Распоредот е изменет. Ќе бидат одиграни 14 кола во неполни два месеци и ќе се игра секој понеделник и петок.
„Ќе биде нетипично за краток период да одиграме да одиграме така многу натпревари. Пред сè ќе мораме да бидеме крајно внимателни и да се потрудиме да останеме сите здрави за да можеме да го издржиме ритамот во комплетен состав“, коментираше Кузманоски за 24Ракомет.
Прилеп се врати во Супер лигата, а Кузманоски е дебитант на тренерската позиција.