Капитенот на генерацијата од ЕП 2002 која го освои 4. место на овој шампионат што се одржа во Полска, и беше повод за објавување на книгата „Пенал за финале“, Горан Кузманоски вчера беше на промоцијата.
За 24Ракомет зборуваше за своите сеќавања на тој шампионат.
„Тогаш имаше големо другарство и беше друго време. Немаше его и завидливост и затоа направивме резултат. Можеби немавме квалитетни индивидуалци во споредба со другите репрезентации, но кога ќе се земе превид другарството го направивме тој успех. Сепак, тој успех не беше направен случајно, цел стручен штаб на чело со Илија Темелковски и Пеце Велјаноски, претседателот на федерацијата, Душко Кадиевски, веруваа во нас, а најмногу Марко Миркуловски. Не го зборувам ова поради тоа што ја напиша книгата туку тој беше оној што не вклопи психолошки. Ние бевме млади деца, ни кажуваше многу психолошки моменти, не само за спортот туку општо за животот. Ние презедовме 5 проценти од тоа и успеавме да го направиме успехот. Не научи да не се плашиме од никого и да веруваме во себе и да илеземе пред се големи луѓе“, изјави Кузманоски за 24 Ракомет.
И ега после 20 години вели дека одново би прифатил да го шутира пеналот и би презел ризик.
„Пеналот беше ризик, а тоа би го направил и сега. Ризик преземаат храбрите луѓе. Во таа генерација бев капитен и лидер, со Ристовски, Стоилов, Миркуловски и другите. Верував дка ќе постигнам гол. Не само тој пенал, јас во целата моја кариера преземав одговорност. Ќе излажам ако не речам дека ми е тешко што не обезбедивме медал. После 20 години Македонија нема освоено медал. Ова е историски успех и му честитам на Миркуловски за храброста да напише една ваква книга. Да се напише книга не е мала работа тоа е храброст за да не врати во тоа минато и да се видиме сите заедно“.
Тој смета дека оваа генерација не била доволно застапена во медиумите бидејќи тогаш немаше онлајн изданија туку главно информациите беа во печатените медиуми,
„Во 2002 година немаше социјални мрежи и не бевме толку медиумски опфатени. Сепак, со ова се вративме во тоа врме. Дел од нас уште играат, дел останаа во спортот, дел имаат приватни бизниси. На Миркуловски сум му благодарен што ми ја даде поддршката за да бидам лидер и да биде така во натамошниот дел од мојата кариера. Тој ни беше како татко на сите играчи“, изјави Кузманоски за 24 Ракомет.
На овој шампионат Кузманоски беше втор стрелец и имаше само еден погодок помалку од Полјакот Билецки.