На списокот на екипи кои стартуваа со тренинзите за новата сезона се приклучи и тимот на Прилеп, кој денеска почна со работа.
Тренерот Горан Кузманоски ги собра момците на кои смета за новата сезона, а екипатае посилна за Христијан Милошески и Жарко Барјактаревиќ. Двајцата треба да го кренат квалитетот на екипата и да ги засилат бековските позиции на оваа екипа која годинава одново ќе има тешка задача во битката за опстанок.
Од минатата сезона ќе недостигаат Ивица Дукоски, Даниел Андоновски и Златко Везенковски така што нема да има големи промени во однос на последниот шампионат.
Во плановите на Прилеп за новата сезона е повисок пласман од последниот шампионат така што е јасно годинава целта е да се биде во трка за местата веднаш зад најдобрите четири екипи. Ќе биде навистина тешко, но и интересно, па теренот во Прилеп ќе биде навистина жежок во новата сезона.