Кузманоски ги построи прилепчани (ФОТО)

Тимот кој се врати во Супер машката лига, Прилеп од денеска е активен и дебитантот меѓу тренерите, Горан Кузманоски ги собра ракометарите за старт на подготовките.

Со исклучиок на Грузиецот Зураб Цинцадзе сите други играчи се во Прилеп и веќе стартуваа со тренинзи. На Кузманоски е со младите момци да напредува и тој како тренер, но и Прилеп како клуб кој се обидува да се врати на старите патеки.

Од денеска се тренира на отворено, а како беше на првиот тренинг можете да видите на фотографиите во продолжение.