Ракометарите на Вардар Неготино на домашен терен остварија лесна и убедлива победа против составот на Партизан со 30:23 во 12. коло од групата А во Првата лига.
Во најголемиот дел од првото полувреме се играше изедначено, Неготинци имаа водство, но Партизан постојано беше на гол или два негатива. Така продолжи и до крај на првиот дел, а на полувремето домашните водеа со 14:12.
Второто полувреме Вардар Неготино го почна одлично и со серија од 4:1 стигнаа до пет гола предност. Оваа предност се покажа доволна до крај на натпреварот, а домашниот тим да забележи нова победа.
Најефикасен во тимот на Вардар Неготино беше Драган Кузманов со 14 погодоци, а шест постигна Ѓорѓи Ташев. Во составот на Партизан Тодор Узунчев беше стрелец на осум гола, а Димитра Узунчев постигна седум.