Екипата на Хановер каде што настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски во вториот натпревар од Бундес лигата во новата сезона стигна до првата победа, а на домашен терен го совладаа Бергишер со 28:20.
Филип Кузмановски во последните моменти од натпреварот ја потврди победата на неговиот тим, а тоа беше и единствениот негов погодок на овој дуел. Средниот бек имаше и една асистенција.
Тимот на Хановер уште по првиот дел имаше предност од четири погодоци, 13:9 која во продолжението без многу проблеми ја сочува и зголеми за прв триумф во новата сезона од Бундес лигата.
Следниот натпревар Хановер и Кузмановски го имаат за една недела кога ќе им гостуваат на Вецлар и Филип Миркуловски.