Македонската ракометна репрезентација со висок пораз од Норвешка (37-25) го стартуваше Светското првенство во Полска и Шведска.
„Црвено-жолтите“ цели петнаесетина минути успешно и парираа на големата Норвешка, но после тоа следуваше голем пад во играта кој репрезентација од калибарот на Норвешка немилосрдно го казнува.
Еден од лидерите на оваа Македонија, Филип Кузмановски смета дека со толкав број на технички грешки не може да се добие една Новешка.
Една репрезентација како Норвешка не може да се победи со толку технички грешки.Честитки за норвежаните, одиграа одличен натпревар. Со ништо не не изненадија, за се бевме подготвени и мислам дека самите сме криви за поразот. Имаме време со ладни глави да влеземе во следните два натпревари против Аргентина и Холандија. Ке се подготвиме максимално, ништо не е изгубено, имаме уште шанси и ќе се бориме до крај, бидејќи имаме што да покажеме.
Кузмановски смета дека треба да бидеме самокритични бидејќи сами се доведуваме во вакви ситуации.
Ние ако треба да бидеме строги треба да бидеме кон себе, бидејќи имаме црни периоди од играта кои противникот ги користи и за брзо време се одлепува на 4-5 голови разлика што е многу тешко да се стигне во продолжение. изјави Кузмановски по завршувањето на натпреварот.