Македонскиот интернационалец Филип Кузмановски кој натапува во Бундес лигата имаше добра вечер и со својот тим забележа победа на домашен терен од 31:27 против тимот на Балинген.
Кузмановски беше дел од овој триумф на Хановер и придонесе со три погодоци од четири удари. Тимот на македонскиот репрезентативец имаше водство уште на полувремето од 16:13.
Со оваа победа Хановер се наоѓа на 14. место на табелата со 23 бода и се наоѓа во безбедната зона на четири кола до крај на првенството. Во следното коло Кузмановски и соиграчите ќе гостуваат кај Минден.
Филип Миркуловски и Вецлар доживеаја пораз на домашен терен од составот на Ерланген со 26:30. Вецлар натпреварот го загуби уште во првиот дел кога имаше негатива од шест гола која беше недостижна во продолжението. Филип Миркуловски немаше учинок на овој дуел.