Тимот на Хановер го одигра последниот натпревар во 2021 година и славеше убедлива и изненадувачка победа.
Хановер предводен од Филип Кузмановски, кој имаше перфектна реализација – пет гола од пет обиди триумфираше кај Рајн Некар Левен со 25-31.
Македонскиот репрезентативец игра во одлична форма и тоа може да го радува селекторот Лазаров пред ЕП.
Вецлар на Филип Миркуловски исто така славеше гостинска победа кај Вецлар со 25-28, а македонскиот среден бек немаше минутажа.