Филип Кузмановски беше вистински предводник на Македонија во реваншот против Чешка, беше стрелец на девет гола меѓу кои и одлчувачкиот од седмерец во финишот.
После натпреварот тој се заблагодари на навивачите и истакна дека победата ја посветуваат на Филип Миркуловски.
„Пред се сакам да го поздравам нашиот осми играч, публиката. Не се сеќавам кога последен пат сум играл пред ваква публика. Ова беше победа за Филип Миркуловски, не треба да се трошат зборови за него. Подготвени сме да ја преземеме одговорноста од нашите претходници. Се надевеам дека ќе продолжиме како што играше Миркуловски со голема пожртвуваност и ќе го дадеме најдоброто за македонската репрезентација“, рече Кузмановски.
Македонија славеше со 27:25 што беше доволно за пласан на СП2023 откако на првиит дуел во Чешка одигра нерешено 24:24. Ждрепката за Мундијалот е на 2. јули.