По три натпревари без победа, тимот на Хановер забележа победа во Бундес лигата, откако славеше против Штутгарт.
На домашен терен, составот каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, беше подобар со 27-22 од Штутгарт.
Кузмановски за разлика од претходните натпревари, сега доби шанса за настап и успеа да погоди два пати од два обиди.
Хановер сега има 17 бода на седмото место на табелата, а во следното коло ќе му гостува на осмопласираниот Гумерсбах.