Тимот на Хановер, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, загуби на гостувањето кај Кил со 31-24.
Иако по првиот дел, гостинските ракометари имаа негатива од само два гола, 13-11, сепак во вториот дел паднаа во ритамот и „зебрите“ на крајот славеа убедливо.
Кузмановски постигна еден погодок до три обиди, а најдобар стрелец во неговиот тим беше Мартиновиќ со четири гола.
Кил до триумф го водеа Ландин со десет одбрани, како и крилото Екберг со седум погодоци.