Двајца македонски репрезентативци имаа натпревари со своите клубови во рамки на второт коло од Бундес лигата. Филип Кузмановски и Мартин Томовски имаа добри изданија но нивните тимови забележаа порази.
Филип Кузмановски и Хановер имаа тешко гостување кај шампионот Кил каде што беа поразени со 34:31. Хановер имаше многу добро издание во првото полувреме и имаше минимална предност од 18:17. Во продолжението Кил успеа да го сврти резултатот и беше во предност во поголемиот дел од второто полувреме кое го сочува до крај за важна победа.
Кузмановски одигра добар натпревар и имаше учинок од четири гола и четири асистенции. Најефикасен во тимот на Хановер беше Хансен со девет гола, додека во екипата на Екберг со девет гола и Дувњак со седум погодоци беа најпрецизни. Голема заслуга за победата има Дарио Квенштед, голманот на Кил кој ги имаше клучните интервенции во одлучувачките моменти.
Лудвигсхафен и Мартин Томовски беа домаќини на уште еден конкурент за највисок пласман во Бундес лигата, Рајн Некар Левен. Сепак не успеаја да направат изненадување и беа поразени со 24:26.
По првите 30 минути Лудвигсхафен имаше само гол заостанување, 13:14. Големата борба продолжи и во вториот дел сепак фаворитот не дозволи изненадување и стигна до тешка победа. Мартин Томовски помина 45 минути на голот и успеа да оствари девет одбрани од кои една беше од седмерец.