Вечерва се одиграа три натпревари од Бундес лигата, во кои партиципираа тројца македонски интернаионалци – Филип Талески, Филип Кузмановски и Мартин Томовски.
Талески со Балинген славеше дома против Бергишер со 29-27, а македонскиот репрезентативец не погоди ниту еднаш од двата обиди.
Магдебург со Филип Кузмановски во дербито славеше над Фленсбург со 26-25, а нашиот репрезентативец не доби шанса за настап.
Мартин Томовски со Лудвигсхафен загуби кај Мелсунген со 26-25, со гол во последните секунди, а македонскиот чувар на мрежата собра четири одбрани за петнаесетина минути на теренот.