Екипата на Вецлар продолжува со одигрувањето на пријателски дуели пред стартот на новата сезона во Бундес лигата.
Клубот во кој улогата на помошен тренер ја има Филип Миркуловски, а играч е актуелниот репрезентативец на Македонија, Филип Кузмановски, ги тестираше силите со Рајн Некар.
Ривалот на Вардар во квалификациите од Лигата на Европа убедливо го доби дуелот против Вецлар, триумфираше со 36:25.
Кузмановски, кој на претходните пријателски дуели одигра на одлично ниво, продолжи со добрата форма и во дуелот со Рајн Некар беше втор стрелец за својот тим, постигна четири погодоци, додека Стефан Чавор и Владимир Врањеш ја предводеа листата на стрелци во поразениот табор со по шест погодоци.
Вецлар во текот на утрешниот ден ќе одигра пријателски меч против најскапиот европски клуб, тимот на ПСЖ.
Во првото коло од Бундес лигата, Вецлар на домашен терен го пречекува европскиот првак Магдебург на 25 август.