Кузмановски и Магдебург испуштија победа, порази за Талески и Томовски

Во 22. коло од Бундес лигата, Мартин Томовски, Филип Кузмановски и Филип Талески имаа настапи со своите екипи.

Единствен кој успеа да избегне пораз беше Филип Кузмановски кој со Магдебург пред своите гледачи одигра нерешено со Хановер 30:30. Со овој резултат Магдебург испушти шанса против директниот конкурент Хановер да ја преземе третата позиција на табелата.

Репрезентативецот на Македонија доби задачи во одбраната и одлично ги исполни, а играше и во напад, но не успеа да реализира.

Филип Талески на домашен терен претрпе нов пораз овој пат од екипата на Лемго со 29:31. Левиот бек на репрезетнациајта на Македонија постигна два гола од четири обиди.

Мартин Томовски со Лудвигсхафен убедливо загуби на домашен терен од Фуксе Берлин со 19:27. Томовски доби петнаесетина минути шанса на голот и забележа две интервенции.

На другите натпревари Мелсунген направи изненадување и славеше на гостувањето кај Рајн Некар со 33:30. Шампионот Фленсбург стигна до тешка победа на гостувањето кај Бергишер.

ГЕРМАНИЈА, БУНДЕС ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 22. коло

Рајн Некар – Мелсунген 30:33 (15:16)

Магдебург – Хановер 30:30 (16:13)

Бергишер – Фленсбург 20:21 (10:9)

Балинген – Лемго 29:31 (15:16)

Лудвигсхафен – Фуксе Берлин 19:27 (9:11)