Кузмановски за 24Ракомет ТВ: Од нас многу се очекува, но…(ВИДЕО)

Машката репрезентација на Македонија ќе се врати дома по три одиграни кола во групната фаза од Европското првенство во Унгарија и Словачка. Еден од играчите што го понесе товарот на дуелите со Словенија и Црна Гора е Филип Кузмановски. Тој вели дека критиките од јавноста не влијаат на неговата игра, но дека македонскиот народ и навивачите заслужуваат многу повеќе. Против Данска, нашите репрезентативци ќе играат за својата и за честа на Македонија, а како ќе биде на крај останува да видиме. Целосната изјава на Кузмановски погледнете ја во видео прилогот....