Бундеслигашите го играат последното коло за годинава во кое претставниците од Македонија имаа меѓусебен дуел. Филип Кузмановски со Магдебург го пречека Вецлар на Филип Миркуловски и беше поуспешен со 34:27.
Магдебург одлично започна, поведе со 4:0, па потоа со 9:4 и ова водство успешно го одржуваа во текот на првиот дел. На полувреме беше 18:14. Во второто полувреме Вецлар се доближи на минус еден но немаше сили за пресврт. До крајот без проблеми Магдебург стигна до победата. Кузмановски и Миркуловски постигнаа по два гола на натпреварот.
Жарко Пешевски со Штутгарт пред своите гледачи претпре пораз со гол во последната секунда од Фуксе Берлин. Ракомeтарите на Фуксе Берлин имаа пет секунди за последниот напад кој успеаја да го реализираат и да слават со 33:32 на ова гостување. Пешевски немаше реализација на мечот.
Мартин Томовски со Лудвигсхафен трiумфираше на домашен терен со 24:23. Голманот на репрезентациајта на Македонија на овој дуел имаше многу мала минутажа и не забележа одбрана.
Бундеслига 20. Резултати,
Ерлнаген – Мелсунген 25:30 (11:14)
Лудвигсхафен – Гепинген 24:23 (13:10)
Магдебург – Вецлар 34:27 (18:14)
Штутгарт – Фуксе Берлин 32:33 (16:13)