Тимот на Хановер, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, беше поразен на домашен терен од Магдебург со 27-31.
Иако Хановер останува во опасната зона на табелата која не носи сигурен опстанок, сепак радува одличната форма на Кузмановски, кој фати континуитет.
Против Магдебург македонскиот бек успеа да постигне четири гола од шест обиди и беше втор стрелец во неговиот тим.
Штутгарт, каде што игра Жарко Пешевски, загуби на гостински терен кај Либек со 27-23, а македонскиот пикер даде два гола од два обиди.