Бундеслигашките тимови каде што настапуваат македонските репрезентативци имаа различни ефекти во новото коло до најквалитетна лига во светот.
Хановер на Филип Кузмановски дома беше поразен од Гепинген со 32-34, а Македонецот беше меѓу најзабележителните фигури во домашнииот тим со пет гола од седум обиди.
Штутгарт на Пешевски водеше по првиот дел на гостувањето кај Кил со 17-19, но „зебрите“ направија комплетен пресврт и славеа со 35-31. Пикерот даде два гола од шест обиди.
Вецлар на Филип Миркуловски победи на гостувањето кај Минден со 23-24, а нашиот среден бек немаше минутажа на овој натпревар.
За тројцата македонски репрезентативци останува да одиграат уште по еден натпревар од Бундес лигата пред да се приклучат на подготовките на репрезентацијата.