Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски продолжува да игра во одлична форма пред стартот на сезоната.
Вецлар со триумф го започна настапот на „Линден Купот“, откако славеше против данскиот Морс со 31-24.
На полувремето, тимот во кој асистент тренер е Филип Миркуловски, имаше четири голови предност.
Кузмановски, кој беше најдобар стрелец на „Вартбург Купот“, против Морс постигна четири погодоци, со кој беше втор стрелец во тимот.
Денеска и утре Вецлар го очекуваат натпревари против Хутенберг и Бергишер.