Поранешниот ракометар на Вардар и Металург, а сегашен на каталонскиот гигант Барселона е еден од оние што се во центарот на вниманието на јавноста за време на Европското првенство.
Заедно со Дувњак и Карачиќ, се најголемите адути на Лино Червар и хрватската репрезентација во обидот да стигне до златен медал од ЕП, единствен што недостига од големите натпреварувања.
Низ медиумите најчесто се пишува за спортските успеси на Циндриќ, а малку се знае за неговиот приватен живот. 26-годишниот среден бек од Огулин е прилично затворен кога се работи за интимата, но се чини дека не можеше да го скрие фактот што годинава за првпат ќе биде во улога на татко.
Тој и неговата девојка Лара Стипетиќ на почетокот на април би требало да го добијат своето прв дете. Тоа ќе биде круна на долгогодишната љубов која започнала во нивниот роден град Огулин. Лара своевремено исто така се занимавала со ракомет и две години по ред била најдобар стрелец на локалниот клуб.