Крумболц: Одлагањето на Олимпијадата ни го сруши целиот план

Селекторот на Франција, Оливие Крумбхолц имаше реакција поради сите случувања со оглед на тоа што ова направи одредени пореметувања на она што тој го планираше.

Целиот негов план изготвен за циклус од четири години финишираше со игрите во Токио, но сега ќе мора да се поправа сè бидејќи тие ќе се одржат дури летото во 2021 година.

„Поделен сум во моите размислувања во моментов. Разочаран сум поради тоа што Олимписките игри се одложени бидејќи ние имаме програма која ја работиме во циклуси од четири години. Внесовме многу апликации за изградба на програмите, имавме многу планови со оглед на тоа што местото го обезбедивме уште во 2018 година. Им дадовме одредено мирување на девојките во 2019 година за да го кренат ритамот сега во 2020 година. Сега откако се одложени игрите сите планови паѓаат во вода“, изјави Крумбхолц после дознавањето на веста за поместување на игрите.

Сепак, целата ситуација е таква поради коронавирусот така што никој не можеше да реагира поинаку и тоа беше најбезболното решение.

„Разбирам дека мораше вака бидејќи пандемијата на коронавирусот задава многу проблеми. Во моментов не постои можност за тренирање и сè стана многу комплицирано“, коментираше селекторот на Франција.

Меѓутоа, не е сè така црно во оваа ситуација бидејќи дел од репрезентативките имаат повреди поради кои требаше да ги пропуштат игрите. Вака добиваат шанса за да успеат да заздрават и да можат да се појават на терен следното лето.