Македонија загуби од Словенија со 31-21 во првиот натпревар од главната рунда на Мундијалот во Египет.
Средниот бек Горан Крстевски доби поголема минутажа против Словенците и ја оправда добербата.
„Позитивно од вчерашниот натпревар с епрвите дваесетина минути, покажавме борба и зрелост, одбрана играмве како што се договориме. а потоа имавме многу технички грешки. Мислам дека не заслуживме да загубиме со толава разлика, но Словенците ги казнија сите наши грешки“, изјави Крстевски.
Следен предизвик за нашата селекција ќе биде дуелот со Русија, додека за два дена ќе се сретнеме со Белорусија.