Крстевски и Фочани со предност патуваат на Исланд по осминафинале

Екипата на македонскиот интернационалец Горан Крстевски, романски Фочани успеа да триумфира во првиот натпревар од 1/16-финалето во ЕХФ купот против исландски Хаукар со 28:26.

Крстевски во победата на својот тим придонесе со два погодока од два удари. Фочани уште на полувремето имаше два гола преднoст кога водеше со 16:14. До крај на дуелот успеаја да стигнат до победата и со предност да патуваат на реванш натпреварот.

Освен Фочани предност после првиот натпревар обезбедија и екипите на Ставропол, Карвина, Конверзано и Партизан. Еш и Бекелегет одиграа нерешено, а Ховде и Рамат Хашарон ги одиграа двата наптревари и претставникот на Шведска прв обезбеди осминафинале.

ЕХФ КУП 1/16-ФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ

ХОВДЕ – РАМАТ ХАШАРОН 35:29 (18:12)

ДРАМА – СТАВРОПОЛ 39:41 (21:23)

ФОЧАНИ – ХАУКАР 28:26 (16:14)

АНОРТОЗИС – КАРВИНА 24:29 (14:15)

КОНВЕРЗАНО – НЕРБО 27:25 (15:15)

ЕШ – БЕКЕЛЕГЕТ 30:30 (16:17)

ПАРТИЗАН – БАЈА МАРЕ 30:26 (15:13)