Крстевски и колегите одлични, ја совладаа Стеауа

 

Составот на Стеауа кој пред 2-3 години беше меѓу главните кандидати за титулата и играше и во СЕХА лигата, во моментов е далеку од посакуваното, а на последниот дуел загуби од ЧСМ Фочани со 26:29.

Ова беше пораз од тимот за кој настапува македонскиот интернационалец, Горан Крстевски.

На овој дуел Крстевски имаше нова стандардна партија. Тој одигра на ниво и во играта во одбрана и во напад. Успеа трипати да се запише меѓу стрелците со што придонесе за освојување на бодовите од овој натпревар.

Тимот на ЧСМ Фочани после 13 одиграни средби со 18 бодови се наоѓа на средина од табелата односно на 11 место.