Интернационалецот од Македонија, Горан Крстевски, заедно со неговата екипа Фочани во натпревар од шампионатот на Романија беа убедливи против екипата на Клуж со резултат 31:24.
Победникот на овој натпревар беше познат по првото полувреме кое заврши со убедлива предност за домаќинот од 16:8. Во вториот дел, ракометарите на Фочани рутински имаа контрола на самиот резултат.
Крстевски одигра во солидно светло, постигна три гола од исто толку обиди и имаше направено неколку асистенции. Остварената победа против Клуж беше осма во досегашниот тек за екипата на Фочани.
Моментално, Фочани се наоѓа во горниот дел на табелата односно на 5. позиција со 25 бодови. Крстевски и неговите колеги имаат биланс од осум победи, четири порази и едно реми.