Левиот бек Христијан Крстаноски во новата сезона најверојатно ќе ги брани боите на Вардар Неготино.
Тој се споменуваше како можно засилување за неговиот матичен клуб Струга, но тој трансфер не се реализираше.
Крстаноски минатата сезона ја мина во тимот на Куманово, каде соработуваше со Игор Котевски, а сега одново двајца ќе имаат шанса да работат заедно во Неготино.
Неготинци претходно го договорија десното крило Александар Кериќ, а деновиве се очекува да ги потврдат и другите засилувања.