Поранешниот ракометар на Вардар кој годинава во февруари прво се пресели во Германија, а потоа во текот на летото и во ПСЖ, Даинис Кристопанс уште не може да го покаже најдоброто во дресот на шампионот на Франција.
Очигледно му недостига Македонија и Вардар каде што имаше далеку поинаква игра и далеку поголема слобода, но самиот вели дека клучот е во тимската игра.
Во споредбата на Кристопанс може да се забележи дека во ПСЖ повеќе се дава акцент на индивидуалната игра, што и не е така препознатливо за Раул Гонзалес кој работи во еден поинаков стил.
Ако се суди според зборовите на Кристопанс него многу повеќе му одговараше играта која ја имаше во редовите на Вардар бидејќи имаше далеку повеќе тимско играње.
„Доколку се погледне во минатото тогаш може да се открие дека секогаш имав тешки први сезони во новите клубови. Периодот на адаптација трае доста долго. Во споредба со Вардар, тимот на ПСЖ нема толку силна тимска игра. Играчите се посилни на индивидуален план. Се обидувам повеќе да го слушам тренерот и да не се обидувам да правам ‘чуда’. Секако, секогаш има простор за растење“, вели Кристопанс за медиумите во Летонија.
Кристопанс беше донесе во ПСЖ како големо засилување и тој требаше да биде играч што ќе донесе плус во нападот, но барем засега тешок се снаоѓа.