Повеќемина ракометари на европскиот шампион Вардар се решаваат отворено да зборуваат за актуелната финансиска ситуација во клубот. Проблемите од лани не само што не се решени, туку се и поголеми.
Летонскиот десен бек Даинис Кристопанс, во интервју за летонските медиуми се зборуваше отворено за долговите на „црвено-црните“
„Финансиските проблеми започнаа минатата, а продолжуваат и оваа сезона. Некои ракометари си заминаа, а новиот тим не е толку успешен како ланскиот. Долгот се собира, Вардар им должи на сите ракометари, на некои повеќе, на некои помалку. Долгот е огромен, проблемите се решаваат, но расчистувањето оди многу бавно“, изјави Криштопанс.
Десниот бек ја игра третата сезона во дресот на Вардар, а од лето ќе си замине во тимот на ПСЖ.