Прволигашот Борец во своите редови донесе нов ракометар од екипата на Вардар Неготино. 24-годишниот ракометар, Кристијан Ристов е најновото засилување меѓу велешани.
Младиот ракометар игра на позиција лево крило и потекнува од школата на Борец. Пред да настапува за екипата на Вардар Неготино, Ристов играше за младинските категории на Вардар од Скопје.
Од клубот најавуваат уште двајца искусни ракометари кои ќе бидат голема поддршка во постигнувањето на одлични резултати во новата сезона. Борец има големи амбиции за добар пласман во прволигашкото друштво.
Пред неколку денови клубот се засили со Никола Манев, Лазар Стојанов, Борис Ристовски и Димче Минов. Главните играчи од минатата сезона остануваат во екипата која ќе биде предводена од новиот тренер Игор Тодоровски.