Словенечкиот Крим го потврди трансферот на српската репрезентативна голманка Јована Рисовиќ. Таа сезонава е клупска колешка на Елена Ѓорѓиевска во Подравка, а од наредната сезона се сели во Словенија.
Јована Рисовиќ во својата кариера има играно во повеќе клубови и првенства низ Европа. Прв клуб во кариерата и е Нова Пазова, а потоа има играно во Крагујевац од каде го прави првиот интернационален трансфер во данскиот Рандерс.
Во сезоната 2016/17 со Рандерс ја освои титулата шампион на Данска, а потоа се пресели во Унгарија во Кечкемет од каде по само една година премина во Подравка. Рисовиќ со репрезентацијата на Србија во 2013 година го освои сребрениот медал на Светското првенство на кое беа домаќини. Исто така наредната година на Медитеранските игри во Мерсин се закити со златен медал.
Пред најдобрата голманка од јуниорското светско првенство во 2012 годин претстои нов предизвик и се очекува да биде големо засилување за Крим од наредната сезона.