Еден од женските клубови кои со децении е учесник во Лигата на шампионите, словенечкиот шампион Крим Меркатор, преку уникатен начин ја претстави новата опрема за претстојната сезона.
Презентацијата на опремата за новата сезона привлече многу внимание, но наиде и на негативна реакција во Словенија, па така раководството на Крим мораше преку соопштение да упати извинување.
Сите погледи на презентацијата беа насочени кон (полу) голиот модел и професионален уметник.
На горниот дел од телото на моделот беше исцртан новиот дрес на најтрофејниот словенечки клуб.