Ракометарките на Крим уште еднаш ја потврдија својата доминација во Словенија откако ја освоија 27. титула, докажувајќи дека немат сериозен ривал, кој може да им го загрози првото место.
На последниот натпревар од словенечкиот шампионат, екипата од Љубљана одигра рутински против второпласираната екипа, Ајдовшчина, триумфираше со 14 гола разлика, 36:22. Овој натпревар немаше никакво резултатско значење бидејќи уште поодамна се знаеше дека Крим без проблем ќе дојде до нова титула.
По натпреварот, на ракометарките на Крим им беше доделена титулата, која за нив е шеста во низа, односно 27. титула во својата клупска историја.
Крим од 1994 година владее во Словенија, со исклучок на сезона 2015/16 кога екипата на Загорје успеа да го освои првото место. Од 1991 до 1993 година, Олимпија беше екипата која го освојуваше словенечкиот шампионат.