Левото крило на Бутел Скопје, Мирко Мајиќ, одново имаше одличен настап за селекцијата на Црна Гора, откако беше стрелец на победничкиот погодок на вториот натпревар против Босна и Херцеговина за 27-26.
Иако гостите беа најчесто во предност во текот на натпреварот, имаа и плус шест, сепак во второто полувреме, избраниците на Зоран Рогановиќ покажаа карактер и полека ја стопија предноста на Босанците.
По 24-24, Марко Ласица стрелаше за 25-24, голманот Симиќ фати неколку зицери, па во последните секунди беше досуден пенал за Црна Гора. По истекот на времето сигурен реализатор беше Мајиќ, кој со третиот гол и донесе втора победа на неговата селекција над БиХ.
Стеван Вујовиќ беше најефикасен со седум голови, Немања Грбовиќ и Божо Анѓелиќ дадоа по пет, додека Мајиќ имаше три. Кај Босанците се истакнаа Буриќ со 17 одбрани, Хаселиќ со шест голови и Малиновиќ со четири.