Кружниот напаѓач на романската селекција и на ЦСМ Букурешт, Крина Пинтеа е во преговори со романскиот суперлигаш, Глорија Бистрица, пишува „ГСП“.
Пинтеа од раководството на клубот добила одлична понуда, но се уште се чека нејзината одлука. ЧСМ Букурешт најверојатно нема доволно финансии да ја задржи репрезентативката на Романија во своите редови и таа може да си замине уште овој месец.
Романската репрезентативка има понуда и од европскиот шампион Ѓер, кој во своите редови ја посакува и репрезентативката на Шведска, Лин Блум од Баја Маре, па така тимот ќе биде целосно комплетиран на таа позиција доколку се реализираат трансферите.
Пинтеа го носеше дресот на Ѓер во 2019 година и со унгарскиот тим ја освои Лигата на шампионите. Освен за Ѓер настапуваше и за Турингер, Париз, Залау и Валчеа. За репрезентацијата на Романија има одиграно 79 официјални натпревари и постигнато 120 голови.